Томаш Сучек, капитенот на чешка Славија Прага на досегашните 4 натпревари во фудбалската Лига на шампиони претрчал неверојатни 50 километри. Тој неговиот тим го одведе до двете најголеми изненадувања во првите 4 кола од ЛШ кога Славија најпрво одигра нерешено 1-1 на „Џузепе Меаца“ против Интер во првото коло, а чешкиот тим остана непоразен и на „Ноу Камп“, 0-0 против Барселона во последното коло.
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми кој ја носи капитенската лента во Динамо Загреб, на четирите натпревари на „модрите“ претрча речиси 42 километри.
Асот на Јувентус Миралем Пјаниќ води во категоријата на точни додавања. Тој за 4-те меча имал дури 338 точни додавања, само 2 повеќе од дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк. Европскиот првак води од тимовите кои имале најмногу точни додавања, дури 2.596
Кога се работи за ударите во рамки на голот, по 11 имаат Роберт Левандовски (Баерн) и Кристијано Роналдо (Јувентус).
Најмногу прекршоци досега се направени врз играчот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати, дури 16, или по 4 во просек на меч.
„Највалкани“ фудбалери во досегашниот дел од ЛШ се играчот на Локомотив Москва, Дмитриј Баринов со 14 фаули, а веднаш зад него е Петер Олајинка од Славија Прага со 13 прекршоци.