Изминатата ноќ по натпреварот помеѓу Сан Антонио и Менфис, франшизата од Тексас му се заблагодари на Тони Паркер за сè што постигнал во кариерата со овој тим. Сан Антонио Спарс ја повлекоа „деветката“ на Паркер.
Како што велат Американците Тони Паркер сега е „бесмртен“. Неговото име и бројот на дресот засекогаш ќе стојат под сводовите на арената во Сан Антонио. Со повлекувањето на „деветката“ на паркер, Спарси ги направија „бесмртни“ тројцата клучни играчи во шампионската династија на оваа франшиза.
Претходно таа чест во Сан Антонио ја имаа Ману Џинобили и Тим Данкан.
Тони Паркер во НБА лигата влезе во 2001 година како 28 пик на драфтот. До 2018 година го носеше дресот на Сан Антонио, а последната сеозна во кариерата )сезона 2018/2019) ја одигра во Шарлот Хорнетс.
Со Спарс францускиот репрезентативец освоил четири шампионски трофеи во НБА лигата (2003, 2005, 2007, 2014). Во 2007 година е прогласен за МВП на финалната серија. Пест пати настапил на Ол-стар натпреварот.
"Thank you for everything you've done for our organization. I love you."
Coach Pop to @tonyparker. #MerciTony pic.twitter.com/xYummOYYsv
— San Antonio Spurs (@spurs) November 12, 2019
It's official!@tonyparker's No. 9 jersey will live on in the rafters forever. #MerciTony pic.twitter.com/DNqrnZLRew
— San Antonio Spurs (@spurs) November 12, 2019