И поранешниот играч на Јувентус Патрик Виера решил да го коментира „случајот Роналдо“. Португалецот, во неделата, бесно го напушти теренот откако беше заменет во 55 минута, а три минути пред крајот на мечот Јувентус-Милан заминал од стадионот.
„Ова само покажува колку им е тешко на тренерите. Роналдо е врвна класа, заедно со Меси и Нејмар е икона на денешниот фудбал“, рекол Виера и дополнил.
„Важно е да се разбере зошто е незадоволен. Делува како да минува низ тежок период. Кога играч од таков калибар ќе влезе во голгетерска криза, тогаш се соочува со голема фрустрација“, рекол актуелниот тренер на Ница.