Top Sport

Втора победа на ШК „Алкалоид“ на Европскиот куп

Во второто коло на Европскиот клупски куп во шах, „Алкалоид“ извојува нова победа над екипата „Raika Rapid Feffernitz“ од Австрија. Текот на мечот покажа дека нема лесни противници, па, така, по три часа игра, резултатот на мечот беше нерешен, со три реми на првата, втората и на четвртата табла: кај Андреикин, Шанкланд и Криворучко.

Највозбудлива партија беше онаа на Андреикин, каде што велемајсторот од „Алкалоид“ жртвуваше фигура за напад, а противникот успеа да ги најде единствените потези и партијата заврши реми со вечен шах.

Потоа, со сигурна игра и победа, Владислав Ковалев донесе водство за „Алкалоид“. Следуваа цели поени за Панчевски и Инаркиев до конечни 4,5:1,5 во мечот.

По одиграни две кола, 16 екипи (од вкупно 66 клуба што учествуваат) имаат максимални 4 бода.

Во третото коло ШК „Алкалоид“ за противник ја има екипата „Mednyi Vsadnik“ од Санкт Петербург, Русија – минатогодишниот шампион.

Мечот, секако, ќе биде дерби на колото и еден од најважните мечеви за „Алкалоид“ на целиот турнир.

Scroll to Top