„Лео Меси (32) е најдобриот играч на мојата генерација, а сигурно и накдобриот играч на сите времиња. Се надевам дека уште некое време ќе уживаме во неговите мајстории“.
Ова го изјави фудбалерот на англискиот шампион, Манчестер Сити, Илкај Гундоган.
„Лео има посебни способности и знае како да ги покаже на теренот. Неговиот талент секогаш излегува на виделина затоа што има инстинкт за донесување вистински длуки во вистинско време. Сјајно ги користи своите недостатоци против противниците. Неговата брзина и сјајна завршница го покажуваат неговиот квалитет, Се на се, никој нема квалитет како него“ – изјави Гундоган.
Тој е моментно со германската фудбалска селекција на репрезентативни обврски пред квалификациските мечеви со Белорусија и со Северна Ирска.