Top Sport

Монтоливо: Милан ми ја убија љубовта кон фудбалот

Рикардо Монтоливо објави крај на кариерата, за ваквата одлуката го обвини својот последен клуб, Милан. Монтоливо немаше клуб откако летово му заврши договорот со Милан.

Монтливо седум години играше на „Сан Сиро“, во еден период ја носеше и капитенската лента, а од клубот се прости со зборовите дека Милан му ја убил љубовта кон фудбалската игра.

„Моѓе да се каже дека Милан не натераа да престанам да играм. Не добив ниту шанса за последен пат да ги поздравам навивачите, а минав тука седум години“, рекол 34 годишниот поранешен репрезентативец на Италија.

Во Серија А, Монтоливо одиграл 348 натпревари и постигнал 25 гола. Бил играч на Аталанта, Фиорентина и Милан. Минатата сезона Монтоливо не одиграл ниту еден натпревар.

Случајно последниот натпревар го одиграл на стадионот на Аталанта во мај 2018 година. Токму на овој стадион го имал дебито пред 16 години.

За Италија настапил на 66 натпревари.

Scroll to Top