Аурелио де Лаурентис е подготвен да се откаже од Наполи и да го продаде клубот од јужна Италија, но за тоа би барал минимум 900 милиони евра, тврди италијанскиот весник „Ил матино“.
Ова доаѓа по шпекулациите дека катарското семејство Ал-Тани веќе дало понуда од 560 милиони евра за откуп на „партенопеи“, но според италијанските извори, Де Лаурентис, чие семејство направи пари во филмската индустрија бара речиси двојно поголема сума.
И покрај сегашната ситуација во клубот, во која Де Лаурентис е во конфликт со сопствените фудбалери, тој во основа не планира да го напушти клубот, иако е подготвен за соработка со катарските компании како спонзори.
Де Лаурентис го купи Наполи во 2004 година и го спаси клубот од банкрот. Оттогаш тие освоија две титули од Копа Италија, но скудетото се покажа како недостижно.