Екипата на Келн во 17.коло ја забележа првата победа во Бундеслигата.Труимф во оваа рунда забележа и лидерот Баерн, додека останатите три натпревари завршија без победник.
Келн конечно успеа да слави во Бундеслигата и да стигне до шестиот бод во сезоната. На домашен терен Келн славеше над Волфсбург со 1:0, а единствениот гол го постигна Кристијан Клеменс во 67.минута. На претходните 16 натпревари Келн освои само три бода.
Лидерот Баерн благодарение на голманот Свен Улрајх ги освои бодовите во Штутгарт. Баварците победија со голот на Томас Милер во 79.минута, но херој е голманот Улрајх кој во 95.минута го одбрани пеналот кој го изведе Чадрак Аколо.
Завршница за инфаркт имаше и натпреварот помеѓу Аугсбург и Фрајбург на кој домаќинот спаси бод со два гола постигнати во судиското надополнување на времето.
Аугсбург поведе со голот на Финбогасон, но потоа Фрајбург направи целосен пресврт со головите на Гинтер во 20. односно Петерсон во 48. и 66.минута.
Во финишот Исланѓанецот Финбогасон постигна два гола, во 91. и 93.минута со кои го комплетира хет-трикот и со кои му донесе еден бод на Аугсбург.
Од пораз во последните секунди се спаси и мајнц кој го пречека Вердер. Гостите водеа со 0:2, а стрелци на головите беа Баргфред и Белфодил. Мајнц најпрвин намали преку Кујасон,а потоа Фабијан Фреј во 93.минута ги постави конечните 2:2.
95.минута беше пресудна на натпреварот Ајнтрахт-Шалке. Домаќините првиот гол го постигнаа по само 60 секунди игра преку Јовиќ, потоа Хелер зголеми на 2:0, а гостите од Гелзенкирхен бод освоија со головите на Емболо во 82.минута и Налдо во последните секунди од натпреварот.