Во пресрет на последните два квалификациски натпревари од циклусот за пласман на ЕУРО 2020 против Австрија и Израел, македонскиот репрезентативец Енис Барди вели дека овие два натпревари се многу важни за националниот тим.
Фудбалерот на шпански Леванте смета дека мораме да биде извлечена поука од првиот дуел меѓу Македонија и Австрија, дека тимот треба да игра паметно и на виско ниво.
„Најпрвин, поголема мотивација од тоа што сме тука нема. Ние сме професионалци и играме за да бидеме подобри, а оваа година беше добра за нас, направивме одлични работи и овие два меча можат да ни помогнат да одиме напред. Дуелите кои ни следуваат ни значат многу. Се уште имаме една шанса да одиме на ЕУРО 2020, а тоа е преку Лигата на нации. Мора да бидеме сконцентрирани и да дадеме максимум, а нашата цел е пласман на Европското првенство“, рекол Барди и дополнил.
„Треба да влеземе на мечот со најголема концентрација и да дадеме сè од себе како во секој натпревар. Јас мислам дека поразот во Скопје од Австрија беше лош ден за нас, направивме многу грешки. Мислам дека сега сме попаметни и ќе бидеме фокусирани. Многу е тешко да се игра против Австрија на нивни терен, тие се силни физички, но оваа наша селекција има многу добри играчи и сметам дека дуелот во Виена ќе биде уште поголема мотивација, зашто тие победија со 4-1 во Скопје, нешто што долго време нема направено ниту една репрезентација“.
Македонија в сабота ќе гостува во Виена (20.45 часот), а во вторник квалификацискиот циклус ќе го затвори со натпреварот против Израел во Скопје.
извор/ffm.mk