Најдобриот тениски машки дубл во историјата, браќата-близнаци Боб и Мајк Брајан најавија крај на кариерата. Тие ја информираа јавноста дека ќе се повлечат од „белиот спорт“ после УС-опен идната година.
Американските близнаци се освојувачи на рекордни 16 грен слем титули, а идната година ќе наполнат 42 години.
Браќата Брајан заедно освоија дури 118 титули, меѓу кои 39 Мастерси, но и еден Дејвис куп, во 2007 година.
Тие беа бронзени на Олимписките игри во Лондон, во 2012 година.
Дури десетпати годината ја завршуваа на првото место во двојки.