Натпревари во групите Д, Ф и Ј во рамките на квалификациите за пласман на ЕУРО 2020 ќе се одиграат вечерва. Последните две кола ќе донесат конечна разврска во Д-групата и ќе ги одредат второпласираните во групите Ф и Ј.
Три селекции имаат шанси за пласман на првите две места во Д-групата. Во најлоша положба се Ирците кои сами си ја одредуваат судбината и во исто време зависат од Данска и Швајцарија.
Ирците вечерва не играат, во последното коло на 18 ноември ќе ја пречекаат Данска и тогаш мора да победат. Данците вечерва се фаворити против Гибралтар и во последното коло ќе им биде доволен еден бод, во слична положба се и Швајцарците, две победи над аутсајдерите Грузија и Гибратар ќе г однесат на ЕП.
Група Д:
Данска-Гибралтар
Швајцарија-Грузија
Табела: Република Ирска 12 (7 натпревари), Данска 12 (6), Швајцарија 11 (6), Грузија 8 (7), Гибралтар 0 (6)
Шпанците, во пресрет на последните две кола во Ф-групата се сигурни патници на ЕУРО 2020, за второто место се борат Романија и Шведска. Ромамнците се во тешка положба, мора да победата вечерва во дербито против Шведска, а пота и на гости кај Шпанија. Швеѓаните во последното коло ќе играат против Фарските острови.
Група Ф:
Норвешка-Фарски острови
Шпанија-Малта
Романија-Шведска
Табела: Шпанија 20, Шведска 15, Романија 14, Норвешка 11, Фарски острови 3, Малта 3
Италија има максимален ефект во Ј-групата, а на Финска и е потребен еден бод за да го оствари најголемиот успех во својата историја. Финците вечерва ќе го пречекаат Лихтенштајн.
Група Ј:
Ерменија-Грција
Финска-Лихтенштајн
Босна и Херцеговина-Италија
Табела: Италија 24, Финска 15, Ерменија 10, БиХ 10, Грција 8, Лихтенштајн 2