Луј Саха открива дека неговите поранешни соиграчи од Манчестер јунајтед, Руд ван Нистелрој и Кристијано Роналдо биле вклучени во тепачка на тренинг, откако Холанѓанецот решил да влезе во конфликт неделата во која Португалецот го загубил својот татко.
Саха играше покрај Ван Нистелрој две сезони, а четири со Кристијано Роналдо од 2004 до 2008, и повторно беше запрашан за конфликтите меѓу фудбалерите по пресметката меѓу Рахим Стерлинг и Џо Гомез на тренингот на англиската репрезентација.
„Дали Руд го расплака Роналдо? Да, имаше такви приказни, бидејќи двајцата се расправаа во моментот кога почина таткото на Кристијано, што беше навистина погрешно“, вели Саха во интервју за „Фор фор ту“.
Таткото на Роналдо, Жозе Динис Авеиро почина од болест на црниот дроб на 52 години во 2005 година кога Португалецот имаше само 20 години. Авеиро, кој беше поранешен војник, но и алкохоличар, пропушти голем дел од блескавата кариера на својот син.
Саха вели дека тој лично имал добри односи со Ван Нистелрој, но додава дека Холанѓанецот не бил „лесен“ човек и дека бил во конфликт со менаџерот Сер Алекс Фергусон.
„Со мене Руд секогаш беше добар, но можеби имаше проблеми со изборите на менаџерот. Тој беше опседнат со голови и го почитувам тоа. Тој имаше проблем со Фергусон и можеби беше предобар за да биде избркан од клубот“, додава Саха.