Вчера, Реал Мадрид во дербито на осмото коло од Евролигата го совлада својот вечен ривал Барселона со 86:76, и снимката која се појави од говорот на клупскиот лекар на „кралевите“ најдобро покажува дека лутото ривалство не е ограничено само на фудбалот.
„Ве чека натпревар против најголемата банда стаорци во Евролигата“, вели лекарот Мигуел Анхел Лопез.
Тој денеска се извини, но најверојатно го очекува казна од Евролигата.
„Сакам да се извинам на спортското друштво Барселона и посебно на членовите на кошаркарскиот тим за моето однесување. Мојата намера не беше да предизвикам насилство или непочитување за тимот кому му се восхитувам. Со години сум одговорен за мотивациските говори пред натпреварите, и тој момент донесе несреќен коментар во жарот на настанот. Се надевам дека ќе има прошка“, вели Лопез.