Кристијано Роналдо е заменет од игра на последните два меча во италијанската Серија А. Фудбалерот на Јувентус тоа не му беше сеедно, а тренерот на „Старата дама“ тврди дека е повреден.
Од Португалија тоа го демантираат.
Иако се пишуваше дека соблекувалната решила случајот да не се продлабочува, сепак капитенот на Јуве, Леонардо Бонучи тврди дека ќе разговара со Португалецот што заврши репрезентативната пауза.
Сега во целата ситуација се вмешаа и сестрите на Роналд, Катја и Елма Авеиро. Тие на Инстаграм го штитат својот брат.
„Не се задевајте со него. Горда сестра“ – напиша Катја на Инстаграм.
„Боговите не паѓаат, и добро, што сега“ – напишала Елма.