Тренерот на Инвиктисауро Масимилијано Ричини пред неколку дена доби отказ поради многу бизарна работа – дозволи неговиот тим со 27:0 да го победи тимот на Марини, бидејќи тоа се „противело на вредностите на младинскиот тим“.
Во интервју за италијанскиот весник „Ла република“, Ричини го правдаше својот потег.
„Што требаше да направам? Да барам моите момци да дозволат противниците да постигнат гол? Ќе беше поголема срамота доколку се додававме и ја чувавме топката или да престаневме да играме. Водевме со 6:0 по 10 минути игра, а на полувреме го прашав тренерот на другиот тим дали треба да го прекинеме мечот. Тој ме замоли да продолжиме. Тоа би го направил било кој во светот на фудбалот“, вели Ричини.