Кристијано Роналдо во тајност ја крунисал со брак својата избраничка Георгина Родригез. Италијанските медиуми тврдат дека тајната венчавка била одржана во Мароко.
Италијанскиот магазин „Новела 2000“, тврди дека Роналдо и Георгина стапиле во брак во мај оваа година и дека голема улога во организирањето на венчавката имал најдобриот пријател на фудбалерот, кикбоксерот Бадр Хари.
„Ми стана јасно дека тие се венчале на 29 август кога Кристијано на островот Мадеира со своите адвокати составил договор со кој сакал да и ја осигура иднината на Георгина“, изјавил за „Новела 2000“ близок пријател на двојката, чии идентитет не се открива.