Селтик ќе мора да платат 15.000 евра на УЕФА за банерот со обесениот Бенито Мусолини и непристојните извици на нивнтие навивачи за мечот од Лига Европа против Лацио.
Шкотските шампиони стигнаа до 2:1 победа на „Селтик парк“, но повеќе внимание предизвикаа настаните на трибините – домашните навивачи прво покажаа банер со „Brigate Verde“ со бела ѕвезда, налик на италијанската левичарска организација Црвени бригади (Brigate Rosse).
Потоа на трибините се појави фотографија од обесениот италијански фашистички диктатор Бенито Мусолини со порака „Следете го вашиот лидер“, поради големиот број на фашистички организации меѓу навивачите на Лацио. Внуката на Мусолини, Алесандра Мусолини ги нарече навивачите на Селтик „дивјаци“ поради овој банер.
Од друга страна, и Лацио доби казна од 10.000 евра за извиците на нивните навивачи.