Кога пред две години Жозе Мурињо го доведе Ромелу Лукаку од Евертон во Манчестер Јунајтед за 85 милиони евра, Белгиецот требаше да биде еден од предводниците на клубот кој ќе го врати Јунајтед на старите патеки, по заминувањето на Алекс Фергусон.
Лукаку на 96 меча за „црвените ѓаволи“ даде 42 гола, што не е лоша статистика, но за играч кој е платен 85 милиони, веројатно се очекувало повеќе.
Минатото лето белгискиот голгетер беше продаден во Интер за 65 милиони евра. Тој за „Corriere Dello Sport“ вели дека сега во Милано е многу посреќен.
„Не ме загрижува тоа што сум најскапиот играч во историјата на клубот и што го менувам Икарди кој овде многу постигна. Јас не размислувам за индивидуалните постигнувања, екипата ми е на прво место. Тоа ми е најголемата мотивација, а на екипата можам да и помогнам само со постигнување голови“ – вели Лукаку.
На почетокот на сезонава, на 15 мела постигна 9 гола. Благодарен му е на Златан Ибрахимовиќ, од времето кога заедно беа во Јунајтед.
„Некое време сонував за Интер. Ги сакав Роналдо (Бразилецот) и Адријано, но Ибра ме научи се што знам. Пред се за време на нашите разговори во автобус. Верувам дека тој ќе се врати во Серија А“ – смета Белгиецот.
Открива и кога му станало јасно дека ќе го напупти клубот од „Олд Трафорд“.
„Кога Оле Гунар Солскјаер ме стави на крилна позиција, знаев дека е готово. Што се однесува за Антонио Конте, кој бараше да дојдам во Интер, тој е единствен. Покрај Мурињо најдобриот тренер со кој сум работел“ – рече Лукаку.
На прашањето дали Интер може да ја прекине доминацијата на Јувентус во Италија, напаѓачот со став дека „Мора да се оди меч по меч“.