За сите оние кои имале можност да гледаат како српскиот кошаркар Предраг Пеџа Стојаковиќ „кине мрежи“ во дресот на Сакраменто Кингс во НБА лигата, добро ќе им дојде да се потсетат на него.
Еден од најдобрите тројкаши во НБА потсети на старите денови, на тренинг на екипата во која е еден од директорите.
Српскиот кошаркарски репрезентативец Немања Бјелица гледаше зачуден, а друг репрезентативец на Србија, Богдан Богдановиќ само му го подаваше баскетот.
Стојаковиќ е деветти во НБА според бројот на уфрлени тројки – вкупно 1.760.
Облечен во кошула и панталони, без загревање, од мртов агол, од најтешката позиција тој погоди 11 тројки од исто толку обиди.
Погледнете:
Peja 11/11 from three with no warmup after practice.
???? pic.twitter.com/EzqCESonoM
— Sacramento Kings (@SacramentoKings) November 23, 2019