Горан Иванишевиќ наскоро ќе ја прекрати соработката со Новак Ѓоковиќ за да стане капитен на Дејвис куп репрезентацијата на Хрватска, тврдат хрватските медиуми.
Хрватската тениска федерација е во потрага за нов тренер по разочарувачкиот настап во финалето на Дејвис купот во Мадрид, каде што тимот го предводеше Франко Шкугор, а Ѓоковиќ запрашан за свое мислење, вели дека не би било проблем поранешниот шампион од Вимблдон да се реши на таков потег.
„Убаво е да се чујат такви информации. Немам ништо против и природно е Хрватска да сака Горан да им биде селектор. Тој ја има мојата поддршка“, изјави Ѓоковиќ.