Во текот на победата на Јувентус од 1:0 над Милан во Серија А, камерите на „Скај спорт Италија“ „уловија“ една атрактивна навивачка на клубот од Торино. Двете секунди во кои таа беше на ТВ-екраните и го сменија животот.
И можеби тука ќе беше крај, но се работи за Италија и новинарите бргу го открија идентитетот на девојката. Се работи за 21-годишната Франческа Таје, која стана „инстант“ ѕвезда – од само седум следбеници на Инстаграм, таа сега има над 100.000.
„Навистина не го очекував тоа. Не е првпат да одам на натпревар, но овојпат навистина ми се погоди. Неколку часа по мечот, почнав да добивам нови слебедници на Инстаграм. Секако, пријатно сум изненадена“, вели Франческа во интервју за „Радио бјанконера“.
Франческа инаку е студентка на Универзитетот за комуникација и јазик во Милано.