Top Sport

Ал-Хилал ја освои Азиската Лига на шампиони (видео)

Саудискиот клуб Ал-Хилал првпат во историјата ја освои Азиската Лига на шампиони, откако со 2:0 го победија јапонскиот клуб Урава ред дајмондс во вториот меч, откако во првиот триумфираа со 1:0 над двократните шампиони.

Салем Ал Давсари постигна гол во 73. минута, пред Бафетимби Гомис да ја потврди победата во судиското продолжение и да го донесе трофејот од Азиската ЛШ првпат во Саудиска Арабија по 14 години.

Ова е прва титула за Ал-Хилал од воспоставувањето на Азиската ЛШ во 2002 и трета вкупно титула по победите на Азискиот клупски шампионат во 1991 и 2000 година. Ал-Хилал исто така се првиот тим од западна Азија со титулата по катарскиот Ал-Сад во 2011 и прв клуб од Саудиска Арабија со титулата по двете титули на Ал-Итихад во 2004 и 2005.

Scroll to Top