Бордо се искачи на третото место во Франција по 2:1 победата над Монако, за кои вистински трагичар беше Ислам Слимани, кој прво постигна водечки гол, за потоа во второто полувреме да добие црвен картон и да дозволи Жирондинците да направат пресврт.
Алжирецот Слимани ја продолжи одличната голгетерска форма со својот шести гол оваа сезона уште во 15. минута за да донесе водство за Монако, а Тиемуе Бакајоко беше блиску до зголемување на водството во 27. минута.
Неефикасноста на Монако беше казнета во 29. минута, кога дефанзивецот Пабло израмни на 1:1. Мечот се смени кога по еден час игра Слимани играше со рака при слободниот удар на Де Превил и доби втор жолт картон, а Де Превил од пенал ги постави конечните 2:1. Монако останува на далечното 14. место.