Иако до неодамна беше на клупата на вечниот ривал Баерн Минхен, Нико Ковач е главен кандидат да го замени Лусиен Фавр како тренер на Борусија Дортмунд, јавува германскиот таблоид „Билд“.
Ковач изддржа година и пол на клупата на Баварците каде што дојде од тимот на Ајнтрахт Франкфурт и не ги исполни големите очекувања на управата на клубот. По „киксот“ против последнопласираниот Падерборн, каде што губеа 0:3 пред да се вратат за 3:3 реми, шефовите на Дортмунд јасно му порачаа на Фавр дека е потребен добар резултат во ЛШ против Барселона за да го заддржи работното место.
Останува да се види како би реагирале верните навивачи на „милионерите“ ако прв човек на тимот стане човек кој ја започна сезоната како тренер на лутиот ривал. Покрај Ковач, како можни наследници на Фавр се споменуваат и Ралф Рангник, Роџер Шмит и Маурисио Почетино, кој стана достапен откако доби отказ во Тотенхем.