Top Sport

Челино: Балотели е црн и треба да се „осветли“!

Претседателот на Бреша, Масимо Челино повторно се најде во контроверзна ситуација откако ја оцени состојбата на неговиот напаѓач Марио Балотели во клубот како „црна“, велејќи дека тој треба да ја „осветли“.

Балотели беше изземен од тимот за дуелот со Рома во неделата по конфронтацијата на тренингот по која новиот тренер Фабио Гросо го прати дома, по што се правдаше дека поранешниот италијански репрезентативец едноставно не се трудел доволно.

При собирот на клубовите од Серија А, Челино беше запрашан за коментар и предизвика вистинска бура во Италија поради зборовите кои ги користеше.

„Што сакате да ви кажам за него? Тој е црн. Работи да се осветли, но има проблеми. Не можеме да мислиме дека еден фудбалер ќе не спаси. Тоа би било погрешно за тимот“, изјавил Челино.

Во Италија дебатата се фокусираше на изборот на зборот ’nero’, кој на италијански може да значи и „несреќен“ и “црн“, како и ’schiarirsi’, што може да знали „осветли“ и „разјасни“. Не помогна ниту соопштението на клубот во кое се вели дека се работи за „парадоксална шега“.

„Бреша посочува дека се работи за парадоксална шега, јасно погрешно разбрана, која беше направена во обид да се намали значителното внимание на печатот за да се заштити нашиот фудбалер“, се вели во соопштението.

Коментарите доаѓаат само неколку недели откако Балотели беше жртва на расистички извици од навивачите на Верона, кога луто реагираше и ја шутна топката и се обиде да го напушти теренот.

Scroll to Top