Top Sport

Тухел му врати на Зидан за Мбапе: Се заљубуваме во работи кои не можеме да ги имаме

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел му одговори на својот ривал од Реал Мадрид, Зинедин Зидан за неговото фалење на Килијан Мбапе пред дуелот на двете екипи во Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“.

Зидан на својата прес-конференција изјави дека одамна е заљубил во играта на Килијан Мбапе, уште еднаш зголемувајќи ги шпекулациите дека следна дестинација на младиот напаѓач е Мадрид. Но, Тухел беше остар.

„Не знам колку Зинедин е заљубен во нашиот фудбалер, но можам да кажам дека и ние го сакаме. Најважно е што тој е наш фудбалер и што е среќен со нас. Понекогаш кога ги сакате работите или луѓето кои не се достапни, ги сакате повеќе. Се заљубуваме во тоа што не можеме да го имаме. За жал на Зидан, тој е наш фудбалер“, изјави Тухел.

ПСЖ се обидуваат да го обноват договорот на Мбапе и се верува дека за да се постигне тој договор се подготвени да го „жртвуваат“ Нејмар и да го продадат ако тоа биде потребно.

Ова не е првпат претставници на ПСЖ да ги предупредат Реал да се држат подалеку од нивните фудбалери.

„Веќе не нервира тоа што се случува“, изјави минатата недела спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.

Зидан: „Заљубен“ сум во тој фудбалер

Scroll to Top