ЕХФ во своето седиште во Виена, во четвртокот, со ждрепка ги одреди групите за ЕХФ-купот. Шеснаесет екипи се распоредени во четири групи со по четири тима. Натпреварувањето ќе започне на 8 и 9 февруари наредната година.
Македонија нема своја екипа во ЕХФ-купот, откако Металург не успеа да го мине Горење од Велење.
Репрезенти на македонскиот ракомет во ова натпреварување ќе бидат Филип Кузмановски и Кирил Лазаров. Ждрепката ги спои клубовите на македонските репрезентативци Магдебург и Нант во Ц-групата.
Група А: Мелсунген, Силкеборг, Ополе, Бенфика
Група Б: Рајн Некар Левен, Куенка, Ним, Холстебро
Група Ц: Магдебург, Нант, Горење Велење, Адемар Леон
Група Д: Екс Прованс, Татабања, Фуксе Берлин, Ла Риоха
Фазата по групи ќе заврши на 29 март. Четврт-финалните натпревари ќе се играат на 25 април и 2 мај, а завршниот турнир на програмата ќе биде на 23 и 24 мај.