И покрај тоа што не импресионираше со тимовите на Манчестер јунајтед, Реал Сосиедад и Сандерленд, на новиот тренер на Вест Хем, Дејвид Мојс не му фали самодоверба откако изјави дека е доволно квалитетен да биде менаџер на било кој тим во светот на фудбалот.
Шкотланѓанецот ги предводеше Вест Хем до две победи и реми во последните три лигашки натпревари за тимот да излезе од зоната за испаѓање. Сепак, тој не успеа да ги спаси Сандерленд од испаѓање минатата недела, а не траеше цела сезона во Реал Сосиедад и Манчестер јунајтед (каде што беше спектакуларно најавен како наследник на Алекс Фергусон).
„Морам да дојдам тука и да покажам дека умеам да ја вршам оваа работа. Исто како и фудбалерите, тие треба да покажат што можат. Репутацијата не важи ништо. Мислам дека сум способен да работам во било кој клуб на светот, и затоа мислам дека ќе успееме со Вест Хем“, вели Мојс.