Еурофарм Пелистер (иако под старото официјално име Еурофарм Работник) го заврши својот прв настап во ЕХФ Лигата на шампионите со импресивна 25:23 победа над освојувачот на првото место во групата Ц, шпанскиот тим на Бидасоа Ирун.
Ова е трета победа за тимот од Битола во првата сезона од Лигата на шампионите, но сепак пласман во наредната фаза остана далечна. Ова е прв пораз за баскискиот Ирун оваа сезона.
Владислав Остроушко повторно беше во топ-форма, постигнувајќи осум голови за Еурофарм, додека по четири постигнаа Милан Ѓукиќ и Никола Маркоски.
Во групата Б, каде што е Вардар, Кил стигна до тесна и драматична 33:22 победа над Монпелје да го заддржи првото место, додека Кјелце ги покажа своите амбиции со висока 30:24 победа над Мешков Брест.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА Ц
Еурофарм Пелистер – Бидасоа Ирун 25:23 (14:15)
Пик Сегед – ППД Загреб 33:23 (14:7)
Виве Кјелце – Мешков Брест 30:24 (12:11)
Кил – Монпелје 33:32 (16:19)