Ракометен натпревар Шведска бил прекинат откако пијан возач влетал во двораната каде се играл мечот. Бизарната сцена ги шокирала играчите на двата тима кои во паника ја напуштиле двораната во Марста.
Инцидентот се случил на натпревар во лигата за играчи до 14 години помеѓу Карлстад и Боденс.
Засега не е познато каков план имал возачот и зошто толку силно удрил во двораната и влетал на теренот.
„Десет секунди пред инцидентот играчите поминаа покрај местото на кое влета автомобилот. Тоа беше чиста среќа, вистинско е што никој не беше на тоа место кога влета автомобилот. Среќа е што никој не е повреден“, рекол тренерот на Боденс Јохан Нистром.
Här kraschar bilen in i idrottshallen – mitt under en handbollsmatch i Vikingahallen i Märstahttps://t.co/dBISxFSQOk pic.twitter.com/6A0J9NrHtQ
— Expressen (@Expressen) November 30, 2019