Фудбалерите на Арсенал со тешка мака успеја да освојат еден бод на гостувањето кај Норич. Натпреварот заврши 2:2, откако Норич два пати водеше. Ова е шести меч во серија, во Премиер лигата, на кој Арсенал остана без победа.
Шок терапијата, односно смената на тренерот Емери, во првиот меч не донесе ништо позитивно за Арсенал.
Арсенал бод против Норич освои благодарение на двократниот стрелец Обамејанг и голманот Лено.
Серијата глови ја отвори Тему Пуки во 21 минута. Осум минути подоцна израмни Обамејанг од пенал. Претходно Зимерман играше со рака.
Во последните моменти од првото полувреме Кантвел донесе нова предност за Норич. Израмни Обамејанг во 57 минута.
До крајот на мечот Лено израсна во јунак на Арсенал откако одбрани чисти зицери на Меклин, Пуки и Аронс.