Американката Михаела Шифрин ја потврди својата доминација во слалом во Светскиот куп. Шифрин победи на трката која се возеше во Килингтон. Американката ја забележа 62 победа во кариерата и на вечната листа се израмни според бројот на победи со Австријката Анемари Мосер-Прел.
Шифрин во Килинготн зад себе ги остави Петра Влхова од Словачка и Ана Свен-Ларсон од Шведска. Брилијантната Шифрин имаше подобро време од Влхова за 2,29 секунди, а до Ларсон беше побрза за 2,73 секунди.
Ова е втора повбеда за Шифрин во исто толку слаломски трки во новата сезона. Таа води во вкупниот пласман со 200 поени, 90 помалку има Ларсон.