Top Sport

Меси и Тер Штеген го срушија Атлетико (Видео)

Барселона го доби дербито против Атлетико 1:0 на Ванда Метрополитано во Мадрид. Барса се израмни со Реал на првото место на табелата, двете екипи имаат по 31 бод, додека Атлетико има 25 поени на шестото место.

Лионел Меси го реши дуелот во Мадрид во 86 минута. Аргентинецот го постигна 614 гол во 701 натпревар за Барселона.

Покрај Меси херој на Барселона е и голманот Тер Штеген кој имаше две врвни интервенции во првото полувереме кога ги одбрани ударите на Ермосо и Мората. На почетокот на мечот, во седмата минута, негов сојузник беше и дирекот.

Барселона во првиот дел се обидувае, но не успеваше да воспостави контрола врз играта. Во првиот дел Ракитиќ имаше добра ситуација, а Пике ја погоди гредата.

Она што не им успеа во првото во целост им успеа во второто полувреме. Играчите на Ернесто Валверде ја контролираа играта, додека играчите на Атлетико беа поставени во двоен блок пред својот гол и чекаа шанса преку контранападите.

Неколку опасни ситуации имаше пред голот на Облак. Меси се обиде од далечина, а Гризман од добра позиција шутираше над голот. Атлетико се закани во средишницата на вториот дел кога пред голот интервенираше Ленгел.

Клучниот момент се случи во 86 минута. Де Јонг пресече едно лошо додавање на Лемар, повлече контранапад, додаде до Меси кој размени пас со Суарез и од 18 метри го совлада Облак.

Scroll to Top