Челниците на Интер биле подготвени да му ја исполнат првата новогодишна желба на тренерот Антонио Конте.
Конте од челниците бара неколку засилувања за да неговиот тим може да се носи со Јувентус во борбата за титулата.
Спортскиот директор Бепе Марота веќе се договорил за трансферот на Оливие Жиру од Челси, а Конте од него бара уште еден напаѓач и еден играч од средниот ред.
Прв избор на Конте бил Федерико Киеза од Фиорентина, чии татко во минатото го носел дресот на Интер.
Овој трансфер ќе биде тежок за реализација бидејќи Фирентина не сакаат да го продадат Киеза, а наводно фудбалерот сакал да се пресели во Јувентус.