УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов прв пат се појави во јавноста откако беше потврдено дека на 18 април наредната година ќе се бори со Тони Фергусон. Оваа борба долго се очекува, претходните обиди за борба помеѓу овие двајца завршуваа неуспешно, поради повреда на едниот или другиот борец. Поради тоа борбата Нурмагомедов-Феругсон е тема број 1 во ММА.
„За мене ова ќе биде највозбудливата борба. Веќе имам 31 година, тоа се годините кога спортистите се наоѓаат на врвот на своите кариери. Ќе тренирам уште посилно бидејќи ме чека дуел со опасен противник. Ваква мотивација немав пред претходните борби Јаквинта, Конор, Барбоса, Порије. Тие противници не се на нивото на кое е Фергусон. Веќе го чувствувам оганот во себе“, рекол Дагестанецот.