Кошаркарот на Цибона, Филип Бундовиќ е прогласен за најкорисен кошаркар (МВП) за месец ноември во регионалната АБА лига.
Бундовиќ, како што рекоа од АБА, во ноември ја докажа својата доминација на сите мечеви на кои се појави.
„Покрај тоа што месецот го заврши со најдобрите статистички параметри, ја заслужи наградата затоа што со својот учинок продонесе во успесите на екипата. Цибона претходниот месе триумфираше на 2 од четирите меча и дојде до поакуваната позиција на средината на табелата во регионалната лига“ – стои во образложението.
Бундовиќ кој игра на позицијата 4 во ноември имаше во просек 19.3 поени, 4.8 скока, 0.8 асистенции на меч со индекс на корисност 23.3.