Top Sport

Србија падна од Норвешка, Црногорките ја преживеаја Унгарија

Женската ракометна селекција на Србија денеска загуби од Норвешка со 28-25 во третото коло од Светското ракометно првенство во Јапонија. Србинките одиграа добар меч против големиот фаворит, но финишот на мечот им припадна на Норвежанките за 3 победи од 3 меча во групата А. Србинките, пак, од трите досегашни натпревари, имаат 2 победи.

Во истата група, изненадувачки Ангола ја совлада Словенија со 33-24, а Холандија ја декласираше Куба со 51-23.

Женската селекција на Црна Гора славеше минимална победа против силната Унгарија со 25-24 во рамки на групата Ц. Црногорките до третиот триумф од исто толку натпревари стигнаа благодарение пред се на екс-Вардарката, Јованка Радичевиќ која мечот го заврши со 8 гола.

Во истата група, Романија со 22-20 беше подобра од Казахстан, а фаворитот Шпанија немаше проблеми со Сенегал, 29-20.

Во групата Б Франција конечно ја забележа првата победа, и тоа убедлива, со 46-7 против аутсајдерот Австралија. Јужна Кореја продолжува со одличните партии. Падна и Бразил со 33-27, додека мечот Данска и Германија им припадна на Германките, минимално со 26-25.

Во групата Д со 34-13 славеше против Конго, Шведска со 34-26 триумфираше против Јапонија, додека Аргентина со 34-28 беше подобра од Кина.

Scroll to Top