Top Sport

ЖРК Вардар домаќин на турнир во ВРХЛ-лигата

Во втората половина на јануари 2018 година Вардар ќе биде домаќин на третиот турнир од регионалната ВРХЛ лига. Трите натпревари се закажани за 19, 20 и 21 јануари во СЦ „Јане Сандански”.

Според договорениот план на играње на 19 јануари во 17 часот играат Вардар и Будуќност. Следниот ден, на 20 јануари се среќаваат Будуќност и Крим, а на 21 јануари играат Крим и Вардар. Сите натпревари се играат во 17 часот.

На претходните два турнири одржани во Подгорица и во Љубљана, ракометарките на Вардар забележаа победи на сите четири одиграни натпревари.

Овие натпревари „црвено-црните“ девојки ќе бидат последна контрола пред продолжувањето на натпреварите од ЕХФ лигата на шампионите. На 27 јануари во ЕХФ лигата на шампионите ЖРК Вардар ќе го пречека Мец.

Распоред на натпревари од 3 турнир во ВРХЛ:

19.01.2018 – мала сала СЦ „Јане Сандански”
Вардар – Будуќност (17 ч.)

20.01.2018 – мала сала СЦ „Јане Сандански”
Будуќност – Крим (17 ч.)

21.01.2018 – голема сала СЦ „Јане Сандански”
Крим – Вардар (17 ч.)

Scroll to Top