Шефот на Ферари, Матија Биното вели дека неговиот тим ја загубил титулата при дизајнот на болидот СФ90 за сезоната 2019, бидејќи се направиле одлуки кои подоцна не можеле да се променат.
Мерцедес повторно доминираше во поголемиот дел од сезоната и победи со 235 поени разлика пред Ферари, иако Скудерија имаа најбрз болид во текот на летото. Зимското тестирање покажуваше дека Ферари има најбрз болид, но кога почна сезоната, Мерцедес стигна до 1-2 победа.
„Мислам дека ја загубивме титулата со дизајнирањето на болидот. На крајот, не бевме доволно конкурентни на стартот на сезоната и за тоа постојат причини. Главната е што не дизајниравме подобар болид од ривалите. Во меѓувреме, успеавме да решиме дел од проблемите и да го подобриме болидот, но, тоа не беше доволно. Но, тоа веќе е во минатото, сега гледаме кон новиот болид и на новата сезона“, вели Биното.