Top Sport

Скола: Не сме како Србија, Литванија, Франција, нашиот успех е случајност!

Кошаркарската селекција на Аргентина направи мало чудо со тоа што се пласираше во годинешното финале на Мундобаскетот во Кина. Сепак „гаучосите“ во битката за тронот потклекнаа пред „фуријата“, но генерацијата предводена од ветеранот Луис Скола доби потврда за добрата работа.

Сепак Скола вели дека успехот не се должи на системска работа, туку на случајност.

„Ако како клуб, на пример Олимпија Милано, играш лошо, велиш ќе потпишам со тројца играчи. Тоа не можеш да го сториш во репрезентацијата, имаме тоа што имаме. Нашата генерација не е ништо што е створено со системска програма. Тоа едноставно се случи. Не знам дали некогаш пак ќе имаме играч како Ману Џинобили, како Ночиони, нов Приџони, никогаш во историјата не сме имале такви играчи. Системи кои константно ја „хранат“ НБА лигата со играчи се Србија, Литванија, Франција, Шпанија. Кога некој си оди, некој друг доаѓа. Ние тоа го немаме, немаме програма за наредните 20 години“ вели Скола.

Тој со речиси 40 полни години ја водеше Аргентина до светското сребро.

Scroll to Top