Постојат фанови, и постојат фанатици. Таков е случајот со 62-годишната Британка Вив Бодикот, која е опседната со „Специјалниот“ Жозе Мурињо и по неговото враќање на работа во Тотенхем ја направи својата 38 тетоважа на португалскиот фудбалски стручњак.
Бабат од Хинкли во близината на Лестер, признава дека во три години потрошила над 2.000 фунти на тетоважи на „Специјалниот“ и вети дека ќе ја добие и 39-тата тетоважа доколку тој освои некоја титула со Тотенхем.
„Потрошив неколку илјади фунти, но навистина вредеше, бидејќи го сакам. И подготвена сум да трошам повеќе. Тој е згоден, умен и го сакам тоа што го оствари како фудбалски менаџер. Ме топи“, вели Вив за „Сан“, која првата тетоважа ја добила во 2017 година, кога Жозе пристигна на „Олд Трафорд“.