На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка на фудбалските менаџери во една година да ја надмине сумата од 500 милиони фунти. Интересно ова се случува во годината кога англиските клубови за една третина ги намалиле расходите предвидени за провизиите за менаџерите.
Податоците на Меѓународната фудбалска федерација и Меѓународниот трансфер систем покажуваат дека во 2019 година биле потрошени 653,9 милиони американски долари само за провизии на менаџерите. Ова сума е поголема за 19,3 отсто во однос на 2018 година.
во 2019 година биле извршени повеќе од 17.000 трансфери на фудбалери во светот, а дури во 3.557 бил вклучен барем еден посредник.
Клубовите од Германија, Шпанија, Португалија, Англија, Франција и Италија платиле повеќе од 80 отсто од горе наведената сума.