Top Sport

Лејкерси без милост кон Јута (Видео)

Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа 19 победа во сезоната. „Езерџиите“ славеа победа над Јута во Солт Лејк Сити 121:96. Лејкерс ја забележаа 19 победа во првенството, што претставува најдобар старт во сезоната по 2008/2009.

Јута има предност на почетокот на првата четвртина, но во средишницата на овој период Лејкерс го презедоа водството кое не го испуштија до крајот.

Ентони Дејвис беше најефикасен кај победниците со 26 поени, а Леброн Џејмс заврши со 20 поени и 12 асистенции.

Кај Јута се истакна Донован Мичел со 29 поени, шест помалку постигна Бојан Богдановиќ.

Scroll to Top