Top Sport

Де Лаурентис имал целосна доверба во Анчелоти

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентинс тврди дека не контактирал други тренери бидејќи имал целосна доверба до Карло Анчелоти.

Изминатите денови медиумите во Италија пишуваат дека искусниот тренер ќе добие отказ на 10 декември. Наведуваат дека Анчелоти во многу нешта не се согласувал со челникот на Наполи.

Медиумоте најчесто како наследник на Анчелоти го споменуваат Џенаро Гатузо, а наводно во комбинација биле и Масимилијано Алгери односно Лучано Спалети.

„Имам целосна доверба во Карло Анчелоти. Му верувам како на човек и на тренер“, рекол Де Лаурентис.

„Ништо не сум решил. Сезоната е во тек. Никого не сум контактирал. Не сум разговарал ни со Гатузо ни со Спалети. Со Алегри сме разговарале, но не поради оваа ситуација. Со него имавме преговори во 2013 година“.

Карло Анчелоти има договор со Наполи до јуни 2021 година.

Scroll to Top