Top Sport

Мурињо: Јас го изградив овој Јунајтед

Менаџерот на Тотенхем, Португалецот Жозе Мурињо по вчерашната победа на Манчестер Јунајтед од 2-1 на „Олд Трафорд“ против Спарси испрати низа пофалби за „ѓаволите“.

„Имаат многу млади играчи, со огромна енергија, добар менталитет. Кога победуваат се чувствуваат пријатно во дефанзивата. Полесно им е да играат со подобри тимови кои повеќе сакаат да се надигруваат и имаат иницијатива. Беа одлични, заслужена победа за Јунајтед. Но сетете се – јас го изградив овој Јунајтед“ – рече Мурињо.

Тотенхем синоќа го доживеа првиот пораз под водство на португалскиот стратег, по 3 победи во низа.

„Се обидувам да се борам со начинот на размислување. Им реков на играчите за тоа како Јунајтед ќе му притапи на мечот на домашен терен, со силни стартови, трчање, со пресинг се обидуваа да ја подигнат публиката. Моќеме само себе да се обвинуваме. Не загубивме поради напаѓачката тактика, туку поради емотивниот пристап на играта“ – рече Португалецот.

Откако Мурињо е на чело на Тотенхем, добрата форма ја врати подзаборавениот Деле Али.

„Играше добро и пред мене, не го научив јас да игра фудбал. Имаше тежок период, не знам многу работи зошто, но она што го знам не е за во јавност. Се обидувам да го ставам на позиција која повеќе му одговара. Игра добро, работи добро, постигнува голови, не можам повеќе да барам од него“ – смета португалскиот стручњак.

Scroll to Top