Диего Симеоне наскоро би можел да го напушти Атлетико Мадрид. Ова го тврди „марка“, медиум што традиционално е наклонет кон градскиот ривал на Атлетико, Реал.
Атлетико не играат добро оваа сезона, екипата на Симеоне има само една победа во последните шест натпревари, а навивачите не се задоволни од последните два порази против Јувентус и Барселона. Според нив Атлетико играче кукавички на тие две средби.
Атлетико по 15 рунди во Ла Лига се наоѓаат на шестото место на табелата. Иако разликата што ја има Атлетико е минимална започнаа шпекулациите дека творецот на сите успеси на „јорганџиите“ во изминатите десет години ќе добие отказ.
Според „Марка“ челниците на клубот полека го губеле трпението. Овој медиум шпекулира дека мечот со Вилјареал ќе биде клучен за Симеоне. Во случај Атлетико да не победат на „Ел Мадригал“ тогаш Аргентинецот ќе добие отказ.
„Марка“ пишува дека неколку клубови покажувале интерес за Симеоне, пред сите Милан и Арсенал.