Пеп Гвардиола е под истрага на шпанската полиција бидејќи минатото лето за време на каталонското „будење“, во Барселона, учествуваше на митинзите и пред десетици илјади демонстрати држеше говор за независност на Каталонија.
Тренерот на Манчестер Сити е еден од најгласните поддржувачи на независноста на оваа шпанска покраина, а за време на протестите стоеше рамо до рамо со првиот човек на каталонската влада, Карлес Пучдемон.
Гвардиола на насобраните им рекол дека ќе гласа за независност на Каталонија на референдумот кој ќе се одржи на 1.октомври „дури и доколку шпанската влада не го признае“. Токму тоа и се случи. Каталонците гласаа за независност, но Шпанија не го призна референдумот, а многу од каталонските активисти завршија во притвор, додека Пучдемон беше протеран со порака дека ќе биде уапсен доколку се врати во државата.
Шпанската полиција покрај Гвардиола истражува и уште низа истакнати Каталонци бидејќи со „своите постапки ги поттикнале граѓаните на демонстрации и поддржале нелегален референдум“.
Pep Guardiola is under investigation from the Spanish police for ‘rebelling’ during the Catalan referendum process.
The City boss is a supporter of independence and is among a group of names under investigation. [El Nacional] #mcfc #mancity pic.twitter.com/lJBFXliNXr
— City Daily (@City__Daily) December 21, 2017
Гвардиола неодамна на еден натпревар на Сити на јакната носеше жолта трака, во знак на поддршка на уапсените активисти, што наиде на осуда кај Жозе Мурињо.
„Го знам Пеп многу години и јасни ми се неговите ставови. Сепак, сметам дека политиката не треба да има место на фудбалските терени“, рекол Мурињо.
Не е познато со кава санкција се соочува Гвардиола доколку биде осуден, но најверојатно ќе добие условна казна.