Поранешниот шампион во тешка категорија, Украинецот Владимир Кличко (43) размислува за враќање во боксерскиот ринг.
Тој на официјалниот Твитер профил ги постави имињата на Дионтеј Вајлдлер, Ентони Џошуа и Тајсон Фјури па во анкета, побара мислење од пријателите против кој од овие боксери би можел повторно да ги вкрсти ракавиците.
Кличко во 2015 година загуби од Фјури кој ја прекина неговата долгогодишна доминација, а во 2017 Украинецот загуби во епски меч против Џошуа. Со Вајлдлер досега не се борел.
Владимир Кличко во кариерата оствари 64 победи, а доживеа 5 порази.
Let me entertain you with this and you can like it ❤️ or not: Fury ? Klitschko 2
— Klitschko (@Klitschko) December 14, 2019
Let me entertain you with this and you can like it ❤️ or not: Joshua ? Klitschko 2
— Klitschko (@Klitschko) December 14, 2019
Let me entertain you with this and you can like it ❤️ or not: Wilder ? Klitschko
— Klitschko (@Klitschko) December 14, 2019