Top Sport

Рашфорд: Како дете гледав во постерите на Бекам и Сколс, така се мотивирав

Маркус Рашфорд денеска со Манчестер Јунајтед ќе прослави посебен момент во историјата на клубот. Кога екипата на Оле Гунар Солскјер ќе истрча на „Олд Трафорд“ на мечот против Евертон тоа ќе биде по 4.000-ти пат во низа во екипата да има играч кој потекнува од јуниорскиот погон на „црвените ѓаволи“.

Оваа низа започна на мечот од Втората дивизија против Фулам, на 30 октомври 1937 година, пишува „ББС спорт“.

Дебито на Рашфорд за тимот во Лига Европа пак беше на 25 февруари 2016 година, против дански Митјиланд. Тогашниот тренер на „ѓаволите“ Луј Ван Гал го ставил во почетниот состав откако Марсијал се повредил на загревањето. Рашфорд постигна 2 гола во победата од 5-1.

Младиот напаѓач до сега има 191 настап за првата екипа, а постигна 58 гола.

Во февруари 2018 година неговиот постер е поставен веднаш до оние на Дејвид Бекам, Пол Сколс и Ники Бат, на ѕидот на зградата на академијата на Јунајтед во кампот „Керингтон“.

Минатиот викенд тренерот Солскјер изјави дека Рашфорд би можел да го достигне нивото на Кристијано Роналдо.

„Кога бев мал, ги гледав фотографиите на Бекам и на Сколс на ѕидовите во кампот, тоа ми даваше одлучност секогаш кога доаѓав на тренинг. Сакав да го достигнам нивното ниво. Споредбата со Роналдо е убава, тоа секако ми е комплимент. Но јас знам уште колку работа ме чека да го достигнам тоа ниво“ – вели Рашфорд.

Scroll to Top