Top Sport

Бензема спаси бод за „Кралевите“, пак се егал со Барса на врвот (видео)

Реал Мадрид не само што не успеа да го искористи вчерашниот кикс на Барселона кај Сосиедад, туку „Кталевите“ треба да се среќни што успеааја да освојат бод на тешкото гостување на „Местаља“ кај Валенсија.

Мечот заврши 1-1, благодарение на спасителот сезонава на Реал, Французинот Карим Бензема. Тој најдобро се снајде по мешаницата пред голот на „лилјаците“ во буквално последниот напад, откако и голманот на Реал, Куртоа се најде во противничкиот шеснаесетник.

Претходно водството за Валенсија дојде во 78 минута преку Солер.

За три дена на програмата во Шпанија е големото дерби „Ел Класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона, а пред тој дуел двата тимаа се на делба на првото место со по 35 бода. Првично мечот беше одложен поради нередите во Каталонија.

Scroll to Top